Кајакарите на кајак кану клуб „Стрмец “ од Охрид настапија на 20 . меѓународна регата во кајак и кану „Словачка 500“ која се одржа во градот Островска Нова Вес во областа Моравија, Република Чешка.

На регатата на која зедоа учество 25 екипи од Европа, најдобри резултати од натпреварувачите на ККК „Стрмец“ од Охрид  постигнаа Николоски Петар на дисциплината К1  маратон од 4 километри освојувајки сребрен медал во категорија млади кадети, како и Грунчевски Александар во дисциплина мини кајак на маратон од 2000 метри во конкуренција на млади пионери.