Охридските каратисти Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Наум Велески и Козма Митревски од карате клуб „Кун-су-то” Охрид и Мартина Петреска од карате клуб „Чоле Охрид” се дел од македонската карате репрезентација која ќе ги брани боите на Македонија на престојното Балканско првенство за кадети, јуниори и У21.
Првенството ќе се одржи во Риека – Хрватска во периодот од 07 до 09 ноември.
OhridNews












