Со божји благослов и молитва во црквата Св. Тојца во населбата Радојца Ночиќ, дваесет и пет млади синоќа беа испратени на традиционалниот Илинденски марш по повод одбележувањето на 106-годишнината од Илинденското востание.
Учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој е покровител на маршот, што 7 година по ред го организира здружението на граѓани „Христо Узунов“.
Охридските комити во Крушево ќе им се придружат на другите учесници во традиционалната манифестација 10 дена Крушевска република.













