Организацијата на деветиот Илинденски марш од Охрид до Крушево, што традиционално се одржува по повод големиот национален празник Илинден, сериозно е загрозена предупредува здружението на граѓани „Христо Узунов“. Оттаму обвинуваат дека и покрај ветувањата Локалната самоуправа годинава не издвоила средства за организација на маршот.
– Поигрувајќи се со патриотските чувства , градоначалникот на Охрид иако ветуваше , не одреди никаква финансиска помош за манифестацијата-се вели меѓу другото во реакцијата на здружението „Христо Узунов“.
Оттаму најавуваат дека и покрај финансиските потешкотии Илинденскиот марш од Охрид до Крушево ќе се одржи.












