По единаесетти пат, членовите на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ и почитувачи на традицијата од Охрид, ќе тргнат на традиционалниот Илинденски марш до Крушево, каде ќе учествуваат во свеченостите по повод одбележувањето на 110 годишнината од Илинденското востание.

По тој поовод попладнево во црквата Св. Троица во населбата „Радојца Новичиќ“ ќе се одржи литургија и народен собир, кој ќе биде збогатен со пригодна културно уметничка програма. На собирот поканети се градоначалникот на општина Охрид, преставници на градскиот совет, помагатели како и сите подржувачи на манифестацијата и Здружението „Христо Узунов“ од Охрид.

Илинденскиот марш ќе започне утрото на 29-ти јули. Учесниците ќе минат пеш 106 километри преку илинденските села: Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Долно Дивјаци и други. Во Крушево ќе пристигнат на 31 јули, каде ќе земат учество во свеченостите по повод одбележувањето на националниот празник Илинден.

Илинденскиот марш е востановен во 2003 година по повод 100-годишнината од Илинденското востание со цел зачувување на македонската историја,традиција и култура и зближување и подигнување на патриотската свест кај младите.

OhridNews