Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве имаат полни раце работа. Од претпријатието информираат дека поради есенското паѓање на лисјата од дрвјата, најголем дел од активностите се поврзани со одржување на јавната чистота, а дневно се собираат по 30 метри кубни лисја.
-Деновиве се мете листот кој интензивно паѓа на тротоарите и коловозите. Поради специфичноста на централното градско подрачје тоа се мете по 3 пати во текот на денот при што собраните лисја со возила се носат во расадникот за потребите на работната единица „Паркови и зеленило” каде се врши компостирање на истите, велат надлежните од ЈП „Охридски Коминалец“.
Од претпријатието додаваат дека нивните екипи деновиве работат и на расчистување на речното корито на реката Сушица кај улица „Петрино“ и делот од булеварот „Туристичка“ кај „Алтанин мост”.
Исто така веќе е започнато и хортикултурно уредување на малиот плоштад во населбата Рача, а се врши и и плевење на жардинерите на булеварот „Железничка“.
OhridNews