Во шестата рунда од втората лига охридските кошаркари ги очекува дерби средба со второласираниот Гоце Делчев. Охриѓани во мечот на колото ќе стартуваат од лидерската позиција и ќе сторат се` да го задржат стопостотниот учинокот на домашен терен. По три одиграни натпревари пред своите гледачи кошаркарите на Лихнодос имаат забележано три победи.

– Играме со квалитетен противник, кој има кошаркари кои сигурно би фатиле место во некоја екипа од првата лига. Ние ќе играме во нашиот препознатлив стил и ќе дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Ќе апелирам до охридската публика в недела во 17 часот во спортската сала “Атина Бојаџи“ да дојде во што поголем број и да ги бодрат кошаркарите до нова победа – истакна тренерот на охридските бели, Весна Балазоска.

Во останатите средби од шестата рунда ќе се сретнат Ангели – В. Лисици, К. Соколи – Апаве, Бест – Неготино, тимот на Тетекс е слободен.

Табела :

1

Лихнидос 

5

3

2

+19

8

2

Гоце Делчев

5

3

2

+17

8

3

Карпош Соколи 2000

4

3

1

+49

7

4

Апаве

4

3

1

+16

7

5

Ангели

4

3

1

+6

7

6

Бест

5

2

3

-21

7

7

Тетекс ТТК 

5

2

3

-31

7

8

Водњански Лисици

4

1

3

-17

5

9

Неготино

4

0

4

-38

4

Мх.П.