Почетокот на пролетниот дел од сезоната беше закажан за претходниот викенд, но поради проблем со финансиите и добрата волја на охриѓани да се одложи мечот им овозможи на неготинчани да уживаат во кошарката во својот град.
– Немаме премногу опции на гостувањето во Неготино. Тие се последни на табелата и се освен победа ќе биде вистинско изненадување. За два дена не очекува дерби средба со Карпош Соколи, па мечот со Неготино ќе го искористиме за кревање на самодовербата – потенцираше Балазоска. Натпреварот со Неготино се игра во 18 часот.










