Охридските кошаркари успешно ја поминаа генерлаката против Црн Дрим пред почетокот на втората полусезоната од Втората кошаркарска лига.


Тренерот на Лихнидос, Весна Балазоска истакна дека е задоволна од преставата на кошаркарите и дека недостатоците од играта ќе ги отстранат во текот на сезоната.


– Поголем дел од работата завршивме во подготовките. За секоја екипа најбитна е физичката спремност, ако играчите се спремни можат секоја тактиката замисла на тренерот да ја спроведат на теренот – потенцираше Балазоска.


Според информациите од охридскиот табор првиот противник на Лихнидос во втората полусезона К.К. Неготино ја нема уплатено котизацијата за натпреварување и охриѓани ќе стартуваат од второто коло.

Мх.П.