– Морам да признаам дека е многу тешко во натпреварувачки период да имаш пауза од 15 денови. Првата недела беше принудена бидејќи неможевме да обезбедиме превоз, а втората недела ни беше слободно коло по распоред. На последното гостување на лигата играме против В. Лисици, а превоз обезбедивме благодарение на поранешниот кошаркар Марјан Бошале. Што се однесува до мечот ќе дадеме се од себе да го добиеме и да ја израдуваме охридската публика – истакна Весна Балазоска, тренерот на охридските “бели“.
После овој меч кошаркарите на Лихнидос на домашен терен го играат последниот за оваа сезона со што ќе ја завршат дебитанската во Втората кошаркарска лига.
– После одигрување на натпреварот со Водно Санс пред нашите гледачи ќе ја завршиме дебитанска сезона. Тогаш ќе ја анилизираме целата наша игра, нашите можности за настап во наредната сезона. Се надеваме дека ќе имаме разбирање од новите структури на Општината Охрид и новиот градоначалник Никола Бакрачески и ќе изнајдеме модел и начин да го продолжиме нашето презентирање на градот во кошаркарските рамки – заврши Балазоска.