На свеченост што се одржа синоќа во х. „Милениум“ во Охрид, охридските лајанс клубови „Лихнидос„ и „Охрид“ се збратимија со клубови од пријатетелска Турција. Лајансите oод „Лихнидос“ своите врски и пријателство ќе ги шират во Анталија со LC„Antaliya Falez“ , додека најстариот лајанс клуб во Охрид потесно ќе соработува со клуб од Измир.
На свеченоста присуствуваа претседателите на дистрикт 132 Македонија и на дистрикт 118 Турција, високи претставници на движењето од двете земји, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, како и гости од лајанс клубовите во Охрид, Струга и соседна Албанија.
Збратимувањето го потпишаа претседателите на клубовите, а го официјализираа првите луѓе на македонскиот турскиот дистрикт.
Целта на збратимувањето, како што беше истакнато, е да се зацврстат пријателските врски со Турција која е мултидистрикт со силна традиција, како и реализација на заеднички хуманитарни проекти.
Водствата на збратимените клубови во име на новото пријателство разменија пригодни подароци, најавувајќи плодна и успешна соработка за доброто на заедницата.
Здравица за новото пријателство
Свеченоста беше збогатена со културно уметничка програма низ која провејуваше традиционален фолклорен мелос од двете земји.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com