На иницијатива на охридскиот лајонс клуб „Десарети“ кој деновиве одбележа четири години од постоењето,  лајонс клубовите од Охрид догодина ќе бидат домаќини на еден од најголемите настани во европското движење на лајонизмот, Конвенцијата на лајонс клубови од градови со тврдини.


Лајонсите од Охрид, догодина во периодот од 8 до 10 јуни ќе ја организираат 9-та Интернационална Конвенција на лајонс клубови на градови со тврдини која во моментов брои 57 клубови од цела Европа. Тоа ќе биде најголемиот собир на Лајонси од цела Европа во Македонија, во нашиот Охрид, истакна Зоран Тилевски, претседател на Л.К. „Десарети“.


Последната Конвенција на лајонс клубови од градови со тврдини се одржа во јуни на Малта на која како македонски претставник учествуваше членот на охридскиот лајонс клуб „Лихнидос“ Емилија Маринова.

OhridNews