Во врска со вчерашниот инцидент на Клиниката за абдоминална хирургија во Скопје, во кој беше повреден хирург со огнено оружје, реакција од охридското Здружение на лекари од каде упатуваат најостра осуда на вандалскиот чин.

Ваквиот настан ја потресе целокупната македонска јавност, нешто за кое како земја и народ можеме да се срамиме. Произволното, арогантно и дрско однесување на дел од пациентите  кон медицинскиот персонал, посебно према докторите длабоко не навредува. Ние на сопственото работно место во своја држава се чувствуваме несигурни, исплашени и понижени. Вакви во континуитет повреди на угледот, честа и интегритетот на нашите доктори не е познат во ниеден период од нашето минато, вели претседателката на Здружението на лекари- Охрид, д- р Лилјана Котлар.  

Од здружението бараат од надлежните институции, Лекарската Комора на Македонија, Македонското лекарско друштво и Министерството за здравство итно донесување на закон за заштита на дигнитетот, угледот и психофизичкиот интегритет на докторите и медицинскиот персонал.      

OhridNews