Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  распиша јавен оглас за давање под концесија на 35 ловишта на дивеч во повеќе општини, меѓу кои и во Охрид.

Концесијата за ловиштата за ситен дивеч се дава за период од 10 години, додека двојно поголем е периодот за закуп на ловиштата за крупен дивеч.

Согласно законот, концесионерите покрај планска експлоатација, имаат обврска да вршат одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Тие ќе работат во согласност со програмата за развој на ловиштето и заштита на дивечот, која се обврзани да ја реализираат. Цената на закупот на ловиштето за една година ќе изнесува 20 проценти од вредноста на планираниот годишен отстрел на дивеч.

Ohridnews