Парадата ќе започне во 12 часот, истовремено, во сите градови кои ќе бидат вклучени во сателитската програма на Радио „Вал 202“ од Љубљана. На десеттина минути пред фанфарите кои ќе го означат почетокот на Парадата, градоначалниците во сите градови ќе имаат свои обраќања до матурантите. Три минути пред звуците на фанфарите, од студиото на „Вал 202“ ќе одекнат звуците на студентската Химна „Гаудеамус Игитур” која, ја симболизира зрелоста на генерацијата.
Инаку, учениците од завршните класови на ОСУ „Свети Климент Охридски“ со денови интензивно се подготвуваа за парадата и ги вежбаа тактовите на Штраусовиот валцер , водени под будното око на професорката Соња Думбалоска – Делова.