Со изведба на познатиот танц квадрил, на градскиот плоштад, денеска на пладне, охридските матуранти ќе го одбележат завршувањето на средното образование.
Меѓународната манифестација „Матурска парада“ годинава се одржува по шести пат, а покрај во Охрид квадрил ќе се игра и на плоштадите во Скопје, Струга, Ресен, Гевгелија и Струмица.
Тие заедно со своите врсници од Европа ќе се обидат да го подобрат Гинисовиот рекорд, кој изминатите години го поставија нешто над 30.000 ученици.