Во изминатите 4 години за време на прослава на матуските вечери во Охрид се случилe само два инциденти кои официјално ги регистрирале службите на СВР Охрид. Минатата година пред матурска прослава дошло до физичка пресметка во еден кафе бар во која имало и тешко повредени. Овој случај бил целосно расветлен од полицијата. Во 2005 година била регистрирана една сообраќајна незгода во која учествувале матуранти. Тие минале неповредени, а причина за незгодата не било конзумирање алкохол или непочитување на сообраќајните правила, туку лошите услови на патот, информираат од СВР Охрид.
Охридската полиција денеска изврши презентација на мерките кои ги презема одделението на превенција со цел безбедно одвивање на матурските прослави. За таа цел неодамна беше спроведен проектот „Среќни и безбедни матурски вечери“ во кој беа вклучени околу 700 матуранти и полуматуранти. Исто така беше организирана и тркалезна маса на која учество зедоа претставници на совети на родители, хотелиери, агенции за обезбедување, инспекции…Тие упатија апел до учениците и родителите да се придржуваат до законските правила и прописи и достоинствено да ги прослават матурите.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.