Средношколците денеска полагаат матура вторпат. Во просториите на Средното угостителско-туристичко училиште “Ванчо Питошески”, предметот македонски јазик и литература го полагаат 24 матуранти. Од нив 11 се од ЕМУЦ “Свети Наум Охридски”, 10 од угостителското училиште и тројца средношколци од ОСУ ” Свети Климент Охридски”.
Вториот екстерен предмет матурантите е закажан за в сабота. Двата интерни предмети ќе се полагаат од 18-ти до 30 -ти август,а во истиот период е и одбраната на проектната задача.
Средношколците кои ќе полагаат во августовската сесија ќе го испуштат првиот рок за упис на факултетите, а резултатите од оваа сесија ќе бидат објавени на 12-ти септември.












