На меѓународниот натпревар Полихимнија што се одржа на 1-ви април во Скопје, учествуваа учениците од ОМУ „Методи Патче“ од класата на проф.Емилија Маринова.
Во конкуренција на голем број учесници од повеќе земји, охридските млади таленти повторно беа меѓу најдобрите.
Во А категорија, ученикот Бојан Секулоски освои втора награда. Предкатегорија Б, Матеј Поп Марков исто така освои втора награда.
Награда за најмлад учесник и втора награда во предкатегорија А освои Јаков Поп Марков кој е роден 2011 и сеуште не оди на училиште, но го изучува пијаното уште од четири годишна возраст со проф. Емилија Маринова.
OhridNews














