Под мотото „Од младите за Јана“, на иницијатива на Унијата на средношколците од Охрид со поддршка на проф. Ивана Маховска Шикалеска, во петок, 18 октомври, ќе се одржи хуманитарна забава за помош на Јана Арсовска на која и е дијагностициран редок  вид на рак и итно и е потребно лекување, кое чини скапо.

Сите заедно на исто место, со иста цел, со иста љубов, надеж и поддршка да дадеме нов поттик за Јана. Животот е убав кога знаеш дека си помогнал некому, кога занаеш дека токму ТИ си причина за нечија насмевка и среќа. Нашето „малку“ за Јана значи многу. Охрид е мал град, но срцата на охриѓани се големи. – порачуваат организаторите на настанот.

Хуманитарната забава на младите од Охрид ќе се одржи во клубот Awake со почеток од 21:00 часот.

Влезот чини 100 денари.

Карти ќе се продаваат на плоштадот во Охрид од 10:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 20:00 часот, како и на самиот влез. Исто така има може да се изврши и резервација на маса по цена од 500 денари на следниот телефонски број: 076 747 470.

OhridNews