На Петтиот меѓународен натпревар по класична гитара кој се одржа на  20 март 2012 г. во Аранѓеловац, Р. Србија, Анастасија Милеска и нејзиниот брат Дејан Милески освоија први награди во своите категории.


Инаку и двајцата се поранешни ученици во класата на професорот Александар Крстаноски во основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид. Сега Анастасија е ученичка во втора а Дејан во прва година во Државното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје во класата на професорот Дарко Багевски.


Двајцата наградени ученици учествуваа и на реномираниот „XIII Guitar Art Festival“ кој се одржа од 16 до 21 март во Белград.

OhridNews