Во неговата работа како координатор ќе се вклучени и претставници од пишаните медиуми, локалните телевизии и камермани.
Нерегулираните работни односи, лошите услови за работа- се само дел од проблемите кои најчесто ги мачат новинарите и за чие решавање ќе се залагаат членовите и раководството на регионалната канцеларија на ЗНМ.
– Можеме да направиме повеќе за решавање на проблемите само ако сме единствени, ако знаеме што сакаме и доколку ги утврдиме нашите приоритети, истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.