Нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид со кршење на јајца под вода на сите православни верници им го честитаа големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден.
Охридските нуркачи се познати по инвентивниот и уникатен начин на одбележување на големитe прзаници. Тие веќе десет години традиционално во Заливот на коските кај Градиште за Нова година под вода китат елка, а во необичната прослава учествуваат и нивни колеги од странство, како и најмладите членови на клубот.