Пронаоѓањето на остатоци од двете светски војни, кои сеуште се наоѓаат на дното на Охридското Езеро се честа забава за членовите на Клубот за подводни активности Охрид и Нуркачкиот центар Амфора, кои традиционално, секоја година нуркаат во езерските длабочини за време на новогодишните празници.
Овој пат, во водите на езерото пред хотелот Палас, нуркачите пронајдоја стари воени шлемови кои не пропуштија да ги стават на глава.
Неодамна, на истата локација, во близина на градското пристаниште, на триесеттина метри од брегот, беше извлечен сандак со експлозивни средства.
Утврдено беше дека пронајдените мини датираат од Првата светска војна.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com