Охридските обложувалници повторно работат, откако при контролата на УЈП во петокот две од нив, “Џокер“ и ’Хоризонт“ поради неправилности во работењето беа затворени од инспекторите, а другите за да ја одбегнат контролата тој ден воопшто не отворија.

Откако вчера страсните љубители на обложувањето се снаоѓаа, дел уплаќаа во Лотарија на Македонија, дел сочекаа обложувалниците да отворат, што и се случи вчера подоцна, денеска состојбата се нормализира.


“Џокер” повторно работи

На влезната врата на “Џокер“ повеќе ја нема пломбата и жолтата лента која вчера ја поставија инспекторите од УЈП, а отворени се и сите други обложувалници во градот. А внатре, во недела,  вообичаени редици за уплата. Не се знае само кој се почувствува попогоден од контролата на УЈП, обложувалниците или играчите. Денеска и едните и другите  беа среќни.

Г. Момироски