ВМРО – Народна партија и Либерално – демократската партија, со заедничка прс конференција што се одржа денеска, и официјално започнаа со соработка и на локално ниво.
-Неколку месеци наназад се прават напори за создавање на трет блок, во кој ќе партиципираат ВМРО – Народна партија, Обединети за Македонија, Либерално Демократската партија и Достоинство, а активностите се во завршна фаза – рече претседателот на ВМРО – Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски.
Како што беше истакнато на прес кофнеренациајта, економијата, враќањето на демократијата и иевроатланските интеграции, ќе бидат основните цели околу кои ќе се обединат партиите од третиот блок.
-Ќе почнеме да се бориме со разбивање на стравот кој е длабоко всаден во граѓаните. Овој пат ќе ја оставиме на страна политичката идеологија, а во преден план ќе го ставиме она што ни е најважно, а тоа е Република Македонија – истакна Дејан Блажески, претседател на општинската организација на ЛДП воОхрид.
Двајцата претседатели на општинските ограноци истакнаа дека се уште размислуваат околу кандидатот за градоначалник со кој ќе настапат здружените опозициски сили на следните локални избори. Тие ја најавија трибината на опозициониот блок која ќе се одржи во вторник во Центарот за културата во Охрид, на која учество ќе земат Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО – Народна партија, Андреј Жерновски, претседател на ЛДП, Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство и претставник на Обединети за Македонија.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com