По повод 65 годишнината на пензионерската организација и 20 годишнината од независноста на Република Македонија, во организација на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца и Општина Охрид , утре на 25- ти септември, со почеток во 10 часот во големата сала на општината, ќе се одржи  свечена прослава.

На свеченоста ќе ќе настапи детскиот хор „ Распеано герданче“, а предвидено е пред присутните да се обрата градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Собранието на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца Маринела Јовановиќ и претседателот на извршниот одбор на Здружението Ѓорѓи Трпчески.

На најдобрите пензионери спортисти ќе им бидат врачени признанија за постигнатите резултати , а локалната самоуправа ќе им подари дресови. Прославата во 11 часот и 30 минути продолжува со културно уметничка програма пред ресторанот „ Европа“, каде ќе настапат пензионерското друштво “ Распеани охриѓани“ и културно- уметнички друштва од Врање, Србија и од Стара Загора од Бугарија. 

OhridNews