Вчера, во Вевчани се оржаа 23-те Регионални спортски натпревари на пензионерите од осум здруженија од југо-западниот регион од Републикава, и тоа: Кичево, Струга, Охрид, Македонски Брод, Лабуништа и домаќинот Вевчани. На натпреварите настапија 166 пензионери- спортисти, од кои 68 во женска и 98 во машка конкуренција.Тие се натпреваруваа во стандардните 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.
Најдобри резултати и овој пат постигнаа пензионерите од Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца кои освоија 14 први места, односно 238 бодови, и со тоа се пласираа за учество на 23-те Репбличките пензионерски спортски натпревари,кои на први септември ќе се одржат во Скопје. Второто место го освоија пензионерите од Струга со 179, а третото место Кичево со 99 бодови.
Од името на општината Вевчани спортистите ги поздрави градоначалникот Сашо Јанкоски, а за отворени игрите ги прогласи секретарот на СЗПМ Станка Трајкова.
Охридските пензионери севкупни победници на Регионалните спортски натпревари
OhridNews
















