На Спортската пензионерска олимпијада, која деновиве се оддржа во Скопје, во органнизација на Здружението на пензионери Ѓорче Петров, пензионерите- спортисти од Охрид меѓу најуспешните. Во Охрид тие се вратија со голем број освоени златни  медалји во сите 12 спортски дисциплни на олимпијадата, на која учествуваа над 400 спортисти од сите здруженија на пензионери во земјата.

Охридската спортска екипа учествуваше со 36 натпреварувачи, 18 во женска и 18 во машка категорија.


– Освоивме златни медалји во дисциплината стрелаштво во машка и женска категорија. Во шах, нашите шахиистки го освоија исто така првото место. Златен медал отиде и во рацете на нашата натпреварувачка во дисциплината трчање на 60 метри, а златен медал освои и натпреварувачот од Охрид во дисциплината трчање на 80 метри.Првото место го освоија и охридските натпреварувачки во табла и двобој. Меѓу најуспешните бевме и во категоријата трчање на 80 метри и тробој, вели Ристо Трајкоски, претседател на комисијата за спорт при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

Со освоени вкупно 113 бодови, охридските спортисти- пензионери на олимпијадата биле поуспешни за 30 бода од второ пласираната екипа од Прилеп и трето пласираната екипа од Куманово.


–  Голема благодарност на оние кои се ангажираа за успехот кој е резултат на макотрпна работа, тренинзи , и желба да се постигне успех , додава Трајкоски.

За остварените високи резултати на олимпијадата, која се оддржа под покровителство на премиерот Никола Груески, охридските пензионери добија голем преоден пехар и еден во трајна сопственост.

OhridNews