По 18-ти пат, во Љубљана-Словенија се одржа Меѓународниот фестивал „Трета животна доба“, по повод Први октомври-Европаски ден на стари лица, проект на Европската унија.
СЗПМ на овој фестивал ја преставуваше делегација од Димитрија Богатиноски и Илија Глигоров од Скопје,членови на Извршниот одбор и Ѓорѓи Трпчески претседател на ЗП Охрид и Дебрца од Охрид, кои остварија средба со претседателите на здруженијата од Хрватска, Италија, Австрија, Србија и домаќинот Словенија. На свеченото отворање присутните беа поздравени од премиерот на Словенија, Марјан Шарец, претседателот на СЗПМ Словенија, Јанез Сушник и модераторот, првиот амбасадор на Словенија во Македонија, Јожица Пухар.
Меѓународниот фестивал „Трета животна доба“, се одржуваше три дена во Цанкаревиот дом каде што се одржуваше и Саем посветен на лицата од третата доба, преку едукативни предавања, изложба и понуда на производи за здрав живот, медицински помагала, презентација на здрава храна. Во рамките на тридневниот фестивал имаше и Музички настапина 120 групи со 3.000 музичари, информира портпаролот на здружението, Крсте Спасески.
Здружението на ЗП Охрид и Дебрца и Солидарност Аеродром од Скопје кои го преставуваа СЗПМ, настапија заеднички. КУД „Далги“ од Охрид настапи со постановките „НаСараиште“ и „Билјана платно белеше“. Двата настапи беа пред илјадна публика. Настапот на нашите фолклористи под раководство на уметничкиот раководител Ристо Трајкоски, имаа одлично претставување на охридскиот староградски мелос, особено сценската изведба на песната Билјана латно белеше, која од публиката беше пропратена со аплаузи и беше вистинско музичко доживување за публиката. Настапот беше пропратен и со видео бим со најубавите природни, културни знаменитости, препознатливи за Охрид.
За овој успешен настап на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца, охридските пензионери фолклористи беа наградени со посебно признание од Сојузот на пензионерите на Словенија.
OhridNews














