Културно уметничкото друштво „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца учествуваше на 9-та Републичка фолклорна ревија на песни, музика и игри што викендов се одржа во Скопје.
На ревијата учествуваа 25 здруженија од републикава, со 554 музичари и фолклористи. Од името на организаторот присутните учесници и гостите на Ревијата, ги поздрави, претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, а за отворена ревијата е прогласи покровителот, премиерот на Владата на Македонија Зоран Заев.
Охридското здружение со изведбата на својот охридски староградски мелос постигна забележителен успех, кој кај публиката остави силен впечаток. И со овој настап на оваа традиционална фолклорна манифестација, нашите фолклористи уште еднаш потврдија дека со успех го негуваат староградскиот мелос и се едни од најдобрите фолклорни групи во републикава.
За успешниот настап на ревијата Министерката за труд и социјална политика Мила Цароска, им врачи благодарници.
OhridNews















