Во пресрет на дочекот нa Новата 2014 година, охридските полицајци денес им подаруваа новогодишни лампиони на граѓаните и туристите во Охрид.
-Со ова сакаме на еден симболичен начин да им посакаме на граѓаните и гостите кои престојуваат во Охрид ,,Среќна Нова 2014 година”. Ова е прв пат да организираме една ваква активност и таа e еден обид, ние како полиција да им се приближиме нa граѓаните, за да ја стекнеме нивната доверба, изјави Стефан Димоски, потпарол на СВР Охрид.
Тој најави дека започнувајќи од денeс па се до 25-ти јануари, на полициските службеници од Охрид ќе им се придружат и нивни колеги од Србија.
-Двајца полициски службеници од Министерството за внатрешни работи од Србија ќе престојуваат во Охрид и нивната задача ќе биде заедно со македонските полициски службеници да се грижат за безбедноста на туристите кои во Охрид ќе ја поминат новогодишната ноќ и ќе ги прослават божиќните празници, појасни Димоски.
Тој истакна дека СВР Охрид ги има преземено сите мерки за Новогодишната вечер во Охрид да помине беспрекорно и од аспект на организирање на сообраќајот и од аспект на јавниот ред и мир.
OhridNews