Роденеденот на „Охридњуз“ заеднички го прославуваме и со портпаролите, нашите колеги со кои секојдневно, ако не повеќе, барем еднаш во текот на денот се слушаме за да дознаеме што се случува во нивните партии и институции.
Никола Маневски, задолжен за односи со јавност во Општина Охрид кој долги години пливаше и во новинарските води, посакувајќи ни уште успеси, ни изјави:

Како општественик и јавен работник- Ви упатувам честитки што успеавте во овие две години и покрај сите премрежувања во општеството, достојно да го афирмирате Охрид со сите негови убавини, слабости и пропусти, а во основа на сето тоа Ви била добронамерноста односно благородноста на професијата“.

„Денес, „Охридњуз“ е релевантен медиум каде читателите добиваат навремена, објективна и непристрасна информација за сите актуелности во Охрид, регионот и пошироко. Во тој контекст, особено го потенцираме доследното информирање на „Охридњуз“ за сите активности кои во борбата против криминалот, одржувањето на општествениот поредок и заштитата на човековите права и слободи ги презема СВР Охрид“, вели портпаролот Стефан Димоски.

„Младиот тим, со голема посветеност, ентузијазам и висок степен на професионализам во своето работење, внесе нов имиџ и ги прошири хоризонтите во сферата на јавното информирање во Охрид.
“Охридњуз” секогаш е во чекор со новите настани и случувања како на локално така и на национално ниво и ги прави истите достапни во било кое време и на било кое место за читателите. Порталот нуди содржини за сечиј вкус со што успева да го привлече но и да го задржи нашето внимание. Особено е за значајно да се потенцира објективноста и непристрасноста на овој медиум кој многу внимателно и коректно ги следи и проследува информациите до јавноста со што дава огромен придонес во подигнување на нивото на професионалност во сферата на јавното информирање во Охрид“.

„Со вашиот начин на активност и делување, со вашиот однос кон заедницата и општеството, недвосмислено покажавте дека демократскиот и севкупниот развој можат да се движат напред само низ една поширока општествена акција, суштински потенцирајќи ги некои од универзалните човечки и цивилизациски вредности. Почетните чекори низ кои поминавте, а поминавте доста храбро и успешно, охриѓани знаат да ги ценат и почитуваат, со што се отвора простор во иднина вашето релевантно место во охридските случувања да го продлабочите и да се развивате се повеќе на задоволство на сите“, вели Азеска.












