15-ти март се одбележува како Светски ден направата на потрошувачите.

Заштитата на потрошувачите во современите развиени демократски општества е препознаена како едно од правата во корпусот на правата на човекот и граѓанинот и како такво се вбројува во правата со највисок приоритет кои секоја држава е должна да ги заштитува низ правниот систем и соодветните политики.

Во 2010 година 384 потрошувачи се обратиле до Организацијата на потрошувачите на Охрид.  Најголемиот дел од поплаките се однесуваат на непочитување на гаранција и гарантен лист за сложено технички производи, гарантен рок на прехранбени производи, затекнати  небезбедни производи на пазарот, проблеми на граѓаните од услугите од јавните претпријатија. и.т.н.

За поплаките на граѓаните Организацијата на потрошувачи Охрид – ОПО,  ги известува надлежните инспекциски служби и институции.  Во функција на заштита на правата потрошувачите, во соработка со ОПО, градскиот Совет усвои програма за заштита на потрошувачите во општина Охрид, на чија имплементација се работи.

OhridNews