По повик на наша сограѓанка, активисти на „Анималиа“ заедно со тројца припадници на Територијалната противпожарната единица од Охрид, успешно изведоа акцијата за спас на малечко маче заглавено на покрив од напуштена куќа.

Како што информираат од „Анималиа“, благодарение на професионалниот однос и упорноста на пожарникарите, младото животно неповредено е извадено на безбедно место и веднаш вдомено.

Благодарност до Х.И. со чија помош ова маченце беше спасено. Деца го фрлиле на висок покрив од напуштена куќа и цела вечер не можело да слезе. Таа се обрати до нас, а ние ја упативме да повика пожарна. Благодарност до командирот Тасески, Митко и Кире. Сепак во секое битие од нас бие срце спремно за хумани дела. Продолжете така.“ – велат од „Анималиа“.

Членови на охридското Здружение за заштита помош и вдомување на животни, заедно со хуманите граѓани, во текот на изминатиот период на неколкупати реализира слични акции за спасување на животни од непристапни терени во градот.

Инаку, овие деноиве „Анималиа“ заедно со останатите здруженија од земјава започнаа масовна кампања против новиот предлог-закон за заштита и благосостојба на животните, кој предвидуваат еутаназија на бездомни животни и усмртување на кучињата кои каснале човек или животно.

OhridNews