Високите температури претставуваат потенцијална опасност од пожари. Во охридско деновиве не се регистрирани поголеми пожари. Викендов професионалната противпожарна единица интервенирала на пожар на отворено во атарот на с. Волино, кој навремено бил локализиран, без поголеми последици.

-Немаме поголеми интервенции, но поради високите температури постои голема опасност. Внимателно ја следиме состојбата, изјавија од професионалната противпожарна единица во Охрид.

Поради опасност од пожари на отворено, Националниот парк Галичица деновиве воведе 24 часовно чување на паркот.

Од Центарот за управување со кризи апелираат
до граѓаните кои во овој период бараат спас од летните горештини во
природа да внимаваат при посети на излетничките места или доколку
спроведуваат работни активности во шумите и други локации кои се со
обрасната или необрасната шума, да не користат запаливи материи, кои
можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

OhridNews