Екипа на охридската професионална противпожарна единица, зеде учество во гасењето на големиот пожар што вчера изби во преспанското село Долно Дупени.

Во справувањето со огнената стихија која се закануваше да ги зафати куќите во селото учествуваа пожарникари од Ресен, Битола, Охрид, СВР Ресен, Националниот парк „Пелистер“, Шумското Стопанство, како и околу 200 лица од месното население.

Тие доцна синоќа успеаа да го сменат правецот на движење на огнот и пожарот е ставен под контрола.

Пожарот кој цели два дена беснее на Баба Планина во Преспанско бил предизвикан од несовесни граѓани кои запалиле депонија полна со смет меѓу селата Љубојно и Долно Дупени.

OhridNews