Пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, придружувани од преставници од централните и локалните институции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во охридско и ресенско.
Во охридско ги посетија населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец и Велгошти.
– Ова е дел од континуираната политика на отвореност и директни средби со граѓаните како би можеле да се препознаат вистинските прашања од интерес на граѓаните и истите да се разгледаат во Собранието на Република Македонија во рамките на надлежностите, како и да се упатат до Владата на Република Македонија и општините Охрид и Ресен. На средбите беше презентирано што се е реализирано досега како резултат на вакви и слични средби во минатото, а беа забележани и прашањата кои треба да се решаваат во следниот период. Средбите беа од отворен карактер и секој жител на населените места можеше да присуствува, информираат од Концеларијата за комуникација со граѓаните на пратениците.
Меѓу презентираните проекти беа реконструкцијата на аеродромот Св. Апостол Павле, изградбата на ТИРЗ каде фабрика гради германската ОДВ Електрик, изградба на неколку регионални патишта, изградба на канализациони и водоводни мрежи, изградба на повеќенаменски спортски игралишта, градбата на автопатот Кичево- Струга- Охрид, почеток на изградба на автопатот Охрид- Пештани- Св. Наум во 2015 година, почеток на реконструкција и проширување на магистралниот пат Охрид- Ресен- Битола во 2015.
На средбите граѓаните најголем интерес покажале за законските решенија кои се носат во Собранието , прашања од катастарот, прашања поврзани со локални инфраструктурни проекти, земојделството, риболовот и сл.
Дел од тимот за посета во охридско беа и Зоран Вељаноски директор на НП Галичица, Јован Баткоски-Раководител на Центарот за вработување, Елена Скрческа-Директор на ЈП „Охридски Комуналец”, Ана Димитрова-Раководител на Одделение за катастар на недвижности, Зоран Најденоски -в.д.Директор на ЈП „Македонски шуми”-Охрид, Менка Бојаџиева- Советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-Охрид.
OhridNews