Пратениците Александар Николоски, Харалампие Шокароски и Владимир  Ѓорчев  денес учествуваат на Политичкото Собрание на Европската народна партија( ЕНП) каде членуваат центар- десните сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ. Политичкото Собрание на ЕНП се одржува во Европскиот Парламент во Брисел. Во рамки на Политичкото Собрание ќе биде промовиран новиот Претседател на Европската народна партија Жозеф Даул кој доаѓа на местото на досегашниот Претседател на Европската народна партија Вилфред Мартенс. Г. Жозеф Даул досега беше шеф на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот Парламент.

Предвидено е пратениците Александар Николоски и Харалампие Шокароски да оставрат и посета на Европскиот Парламент во рамки на програмата за Роберт Шуман институтот за Демократско функционирање на Европскиот Парламент. Во рамки на оваа средба Николоски и Шокароски ќе се сретнат и со Потпретседателот на Европскиот Парламент г. Отмар Карас, претениците од Европскиот Пармалент г. Давор Стиер и г-ѓа Здравка Бушич, како и со г. Кинга Сабо директор на Роберт Шуман институтот, г. Марек Ханибал советник за проширување на Европскиот Парламент, како и останати членови на групата на Европската народна партија и членови на Европскиот Парламент.

Се очекува на Политичкото Собрание на Европската народна партија да се потврди добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринските партии од Европската народна партија.

Се очекува на средбите на пратениците Николоски и Шокароски со нивние колеги од Европскиот Парламент да се реафирмира заложбата на Македонија за почеток на преговори со ЕУ согласно препораката на Европската комисија од октомври оваа година. Препораката е петта по ред за почеток на преговори и пратениците ќе побараат Европскиот Парламент уште еднаш да ја даде својата подршка за Република Македонија да отпочне пристапни преговори и ќе побараат Грција да престане да го употребува правото на вето и блокирање на македонските евроинтеграции.

OhridNews