Наставата во понеделник во сите охридски училишта ќе се одвива редовно, а учениците се должни да дојдат на училиште и да ја следат наставата, изјави Јордан Пуроски, претседател на активот на директори на училиштата од Охрид во врска со најавениот генерален штрајк на вработените во образованието.

Не можеме нашите деца и нивното образование да го маригинализираме и да го ставиме во втор план. Затоа апелирам да не се врши злоупотреба на учениците за постигнување на било какви цели.“ – рече Пуроски.

Тој потенцира до Секторот за образование при општина Охрид, не е  испратено ниту едно барање од предметните професори за штрајк.

Ниту едно барање не е пратено дека некој од предметните професори ќе земе за право на штрајк, односно да најдеме соодветна замена. Слушајќи ги изјавите на регионалниот одбор на СОНК Охрид, знаеме дека наставниците на територијата на општина Охрид се согласни да не го подржат штрајкот.“ – потенцира Пуроски.

Инаку, СОНК Охрид не се согласува со барањата под кои се свикува генералниот штрајк и смета дека до крај не е разјаснет случајот со тројцата професори од штипскиот универзитет со кои се солидаризираше членството, како и дека во такви околности нема услови за штрајк.

OhridNews