Професорите по Физичка култура од Охрид, во Пештани одржаа семинар во шах. На семинарот тема беше историјата на шахот како и вежбање и практика на основните комбинаторики.


Семинарот е под капата на Минестерството за Образование, а координатор е професорот во Основното Училиште “Св. Климент Охридски“, Љупчо Тасески.


– Задоволни сме од одзивот и организацијата на овој “пионерски“ потег кон оваа древна игра. Очекуваме понатаму да се следат уште вакви предавања и оваа игра да земе што поголем замав – истакна  координаторот Тасески.


После семинарот во организација на професорите, учениците од основните и средните училишта одржаа општински натпревар на кои се постигнати следниве резултати.


Основни училишта машка конкуренција

1. Ангел Трајкоски – “Климент Охридски“
2. Бојан Митрев – “Ванчо Николески“
3. Јован Љаткоски – “Ванчо Николески“

Основни училишта женска конкуренција :

1. Марија Маркоска – “Братство Единство“
2. Симона Бошковска – “Климент Охридски“
3. Марта Шешова – “Григор Прличев“

Средни училишта машка конкуренција :

1. Никола Пазаркоски – “Климент Охридски“
2. Валентин Ристески – “Климент Охридски“
3. Горан Пешликоски – “Ванчо Питошески“

Средни училишта женска конкуренција :

1. Валентина Дубравац – “Ванчо Питошски“
2. Ангела Младеновска – “Климент Охридски“
3. Ива Стојаноска – “Климент Охридски“

Мх.П.