Ракометарите на Охрид ги израдуваа учениците во Основното училиште „Христо Узунов“ со нивната посета во пресрет на мечот со Вардар во првото коло од плејофот во Супер лигата.


Учениците имаа можност да се сликат, дружат и натпреваруваат со своите идоли кои пак им ветија добра и храбра играв во мечевите од плејофот.


– Добро е да се вратиш во школото каде си ги поминал безгрижните денови од детвството. Посетата на Христо Узонов секогаш ми буди убави спомени и се надевам дека многу дечиња ќе го следат нашиот пример и ќе бидат дел од сениорскиот тим на клубот. – рече Иван Тасески.

Задоволство од посетата на ракометарите истакна и директорот Тони Симоновски кој им посака многу среќа и успех во натпреварите кои ги очекуваат. 


„Гладијаторите“ в сабота во 19 часот против првакот на Македонија, Вардар ги започнуваат мечевите од плејофот во македонскиот шампионат.

Започнаа да се продаваат поединечни билети за мечот Охрид – Вардар

Мх.П.