Во последниот натпревар од есенската полусезона охридските ракометари ги очекува најтешкото гостување во Чаир, кај екипата на Ринија.


Минатата сезона ракометарите на Ринија на гостувањето во Охрид ја нападнаа судиската двојка. Мечот беше прекинат и регистриран 10-0 за охридскиот клуб. Но, последиците од прекинот ги сноси Р.К. Охрид, кој беше санкциониран парично и два натпревари без публика.


– Тоа беше единствениот натпревар, кој не се доигра на домашен терен. Случувањата од тој меч не сакам да ги коментирам бидејќи не заслужуваат – истакна ракометарот на Охрид, Аце Труфиноски пред гостувањето во Чаир.

Охриѓани на две кола до крајот ланската сезона гостуваа во Чаир, каде едвај извлекоа жива глава и немаа време да мислат за победа. Резултатот на тој меч беше во втор план, затоа што немаше услови за ракомет. Тогаш, Р.К. Охрид со писмо ја извести јавноста што се` се случуваше во Чаир.


– Се надевам дека работите таму се сменати и ќе има минимални услови за ракомет. Ние ќе одиме да се надигруваме како и на секој натпревар во првенството. Со добро судење  можеме да извлечеме позитивен резултат – заврши Трифуноски.

Мх.П.