Сезонава ракометарите на Ѓорче Петров играат далеку послабо од минатата кога завршија во горниот дел од табелата. Со две победи на единаесет натпревари “лавовите“ се наоѓаат на претпоследната позиција.
Наспроти нив, охриѓани во првата рунда од пролетниот дел од сезоната на домашен терен го срушија есенскиот вицепрвако Радовиш победувајќи го со 31-26.
Од охридскиот клуб покрај проблемот со повредени играчи најавуваат дека во Скопје атакуваат на победа. Натпреварот се игра в сабота со почеток од 14 часот.