Охридските ракометари на домашен терен претрпе пораз 32-26 (19-15) од суперлигашкиот тим на Битола.

Ракометарите на Охрид добро им парираа на битолачни во првиот дел, а во неколку наврати имаа и предност. Во понамошниот период од мечот искуството и подолгата клупата беше пресудна за победа на “чкембарите“.

Тренерот на Охрид 2011, Горан Андоновски после мечот изјави дека е мошне задоволен од прикажаната игра – Ќе поправиме некои ситници во одбраната додека нападот функционираше беспрекорно. Морам да бидам задоволен бидејќи Битола е супелигаш, а ние се држевме прилично добро.

До почетокот на сезоната во Првата машка ракометна лига преостануваат уште три недели, а Охрид ќе го најави со Куп дуелот против “езерскиот“ ривал Струга.

Мх.П.