– Ракометарите на Вардар Полог ни се должници од есенскиот дел од сезоната. Тогаш игравме без повредените Ристе Томоски и Васко Николовски, но и без нив двајца имавме победа во рацете, која ни беше украдена од Вардар Полог со помош од судиите – рече десното крило Аце Трифуноски.
И на мечот во Охрид, кој е закажан за в недела во 20 часот тренерот на охриѓани Горан Андоновски нема да може да смета на повредениот Николовски, а болки во раката чувстува и Трифуноски, но ќе биде “фит“ за настап против “вардарци“.
– Покрај ситната повреда на раката, ќе одиграм 100 % и ќе направам се за нашите верни навивачи да прослават уште една победа – заврши Трифуноски.