
Третата екипа на Св.Апостол Петар “4 АСА“ го освои третото место.Четвртото место го освои првата екипа на СРК Св Апостол Петар, а “Повер крап“ се најде на петото место, додека дуото Свети Апостол Петар 2“ се пласира на седмото место. Во вкупниот пласман води Металург од Велес а од Охридските екипи најдобро е пласирана првата екипа на Св.Апостол Петар која се наоѓа на трето место.
По две кола 4 екипи имаат исти број на бодови .Последното коло ќе одлучи кои екипи ќе се пласираат во репрезентацијата на Македонија и ќе одат на светското првенство што ќе се одржи крајот на Септември во Србија.
Според натпреварувачите кои измрзнаа во шатори, причина за слабиот улов се нискиве температури и дождот кој непрестано паѓаше три дена. За три дена вкупно се уловени 355 килограми риби.
Коле Ѓорѓиески
Претседател на натпреварувачка комисија на
СРК Св Апостол Петар











