Спортските риболовци од Охрид испратија проштален поздрав до своите колеги кои беа убиени пред два дена во близина на Железарското Езеро кај Смиљковци.

-Ова е Црн Велики Четврток за рибарството во Македонија. Нема да бидете заборавени, останува вашиот дух и енергијата на вашите незавршени дела, се вели во последниот поздрав од Охридските рибари.

Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, сите на возраст од околу 20 години и Борче Цветковски (45), завчера беа застрелани од засега непознат сторител. Полицијата интензивно трага по извршителот на петкратното убиство кое ја потресе јавноста.

Петтемина убиени денеска беа погребани.

OhridNews