Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов викендов во вилата Биљана во Охрид   прими преставници на спортски риболовци од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар “ од Охрид.

Преставниците на рибарите  го информираа Претседателот за состојбата во која се наоѓа рибниот фонд на Охридското Езеро, и за еколошките проблеми кои му се закануваат на езерото. Од Претседателот беше побарано согласно неговите ингеренции да помогне за подобра заштита и управување со рибниот фонд , односно со целокупната флора и фауна на Охридското Езеро, информираат од спортското риболовно друштво „Св. Апостол Петар“.


Охридските риболовци го запознаа претседателот Иванов
со состојбата со рибниот фонд во Охридското Езеро

OhridNews