Весело и со бројни обичаи утрешниот празник Ѓурѓовден ќе биде прославен во домовите на охридските Роми. Како што тие потенцираат, за нив Ѓурѓовден е еден од најголемите празници со кој се слави враќањето на пролетта.

– На тој ден многу Роми се облекуваат во свечена облека, ставаат накит, насекаде одекнува ромска музика и се игра ромското оро. Домовите се украсуваат со цвеќе и расцветани гранчиња во знак на добредојде на пролетта. Обредите на овој празник вклучуваат бањање во вода со цветови, а понекогаш и ѕидовите од куќите се мијат со вода. Обично на овој ден се јаде јагнешко месо. Како традиционално номадски народ, Ромите со овој прзник го обележуваат крајот на зимата и ги креваат своите черги, и повторно тргнуваат на пат, објаснуваат од охридскиот огранок на Демократски Сили на Ромите.

Оттаму со честитка за празникот до сите Роми и православни Христијани, посакувајќи им здравје,среќа и љубов.

OhridNews